skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Правото како што гласи во националното законодавство

Правото на заштита на правата од аспект на правата и обврските на здравствените работници може да се разгледува двонасочно: како право на здравствените работници на заштита на нивните права при вршењето на професијата/дејноста и како нивна обврска да овозможат и да помогнат во реализацијата на правото на заштита на правата на пациентите.

Заштитата на правата на здравствените работници е загарантирана со Уставот на Република Македонија, како и за сите други граѓани во РМ.

Слободата на човекот е неприкосновена. Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдени со закон. Лицето повикано, приведено или лишено од слобода веднаш мора да биде запознаено со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон, и од него не може да се бара изјава.

Лицето има право на бранител во полициската и во судската постапка. Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одложување ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода. Притворот, по одлука на судот, најдолго може да трае 90 дена од денот на притворувањето. Притвореното лице под услови утврдени со закон може да биде пуштено да се брани од слобода (член 12).

Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. Лицето што е незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено има право на надомест на штета и други права утврдени со закон (член 13).

Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука (член 14).

Се гарантира правото на жалба за поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган, организација или други институции што вршат јавни овластувања (член 15).

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување информации. Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање. Цензурата е забранета (член 16).

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење. Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на републиката (член 17).

Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци. На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информациите за нив преку обработка на податоците (член 18).

Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и до другите јавни служби и да добие одговор на нив. Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело (член 24).

Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознаен со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други, за нивно унапредување и заштита (член 50).

Слободите и правата на човекот и граѓанинот може да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот може да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на ставот. Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско врз основа на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба. Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповедта (член 54).

Заштитата на правата од работен однос и за здравствените работници е регулирана со законодавството од областа на работните односи (Закон за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа, Колективен договор за здравствената дејност во Република Македонија).

Заштитата на правата при вршењето на дејноста на здравствените работници е регулирана со Законот за здравствена заштита, при што важат и прописите од областа на финансиското работење на трговските друштва.

Заштитата на правата на здравствените работници што немаат македонско државјанство е регулирана со Закон за странци. „Дозволата за привремен престој заради вработување, работа или на самостојно вработени лица може да се издаде ако странецот кон барањето приложи и работна дозвола, односно друга потребна дозвола во согласност со законот, доколку со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено. Дозволата од ставот 1 на овој член се издава за период за кој е издадена работната дозвола, но не подолго од една година и истата може да се продолжува ако се исполнети условите утврдени во членот 57 на овој закон“ (член 58).
„Кога странецот не го разбира јазикот во постапката, а за него е поведена постапка за протерување од Република Македонија, за одземање на правото на престој, Министерството за внатрешни работи ќе обезбеди на странецот да му се даде објаснување на јазикот што странецот го разбира. Трошоците од ставот 1 на овој член ги обезбедува Министерството за внатрешни работи“ (член 141).

„Кога за странецот е поведена постапка за протерување од Република Македонија, одземање на правото на престој или лишување од слобода, странецот ќе биде известен дека има право на правна помош и право да контактира со претставникот на својата држава во Република Македонија“ (член 142).

На здравствен работник не може да му биде одземена лиценцата за работа без спроведување соодветна постапка, во која ќе се утврдува дали се исполниле условите за нејзиното одземање. Со Законот за здравствена заштита се уредени условите под кои се одзема лиценцата за работа и постапката за нејзино одземање (член 153­ж, член 153­ѕ, член 153­и). Со Законот е пропишано привремено одземање на дозволата, најмногу за период од седум години, поради одредени административни и други пропусти (не ја продолжил лиценцата навреме, не завршил дополнителна обука или не ја завршил со успех, со правосилно судско решение привремено му е забрането вршење дејност или професија, доказите во постапката за лиценцирање ги прибавил спротивно на закон, работи надвор од лиценцата, повреда на Кодексот на медицинската етика). Трајното одземање на лиценцата се врши ако со правосилна судска одлука се утврди дека здравствениот работник сторил стручен пропуст или грешка при работата, со што предизвикал трајно нарушување на здравјето на болниот или смрт на болниот (член 153­ѕ). „Во постапката против решението на соодветната Комора за привремено или трајно одземање на лиценцата за работа, здравствениот работник со високо образование може да изјави жалба, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до министерот за здравство“ (член 153­и).

Бидејќи двостепеноста (т.е. правото на жалба) на заштитата на сите права е загарантирана со Уставот на РМ, здравствениот работник може да вложува правни лекови и за решение на Министерството за здравство, во управна постапка.

Според тоа, здравствениот работник со високо образование има со закон уредено право на праведен процес во постапката за одземање на лиценцата, кое опфаќа можности за водење управна, граѓанска и кривична постапка, како што е соодветно (види Поглавје 8).

Дополнителни прописи

Дополнителен специфичен пропис во областа на регулирањето на правото на заштитата на правата на здравствените работници при вршење на нивната професија, односно дејност е Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, кој ги уредува стандардите за посебна заштита (на работа) на здравствените работници што работат со извори на јонизирачки зрачења, како и одредби за заштита на нивните права од работниот однос во специфичните услови во кои работат.

Етички кодекси

Етичките кодекси на здравствените работници содржат одредби за обезбедување на правото на заштита на правата во етичките постапки пред соодветните комори, а декларираат и одредени други права. На пример, докторот­стоматолог има право и должност преку своите стручни и други организации да се избори за соодветно вреднување на својата работа, својот општествен статус и да биде заштитен од професионалните ризици (членот 13 од Кодекс на стоматолошката етика и деонтологија). „Во случај на објективно утврдена грешка во дијагностичките и терапевтските постапки во претходно лекување, докторот­стоматолог е должен своето мислење и забелешки да ги констатира и забележи во писмена форма и да ги достави до стручните и раководните тела на јавната здравствена организација доколку докторот што претходно го лекувал болниот работи во неа или до органите на Стоматолошката комора доколку докторот работи во приватна стоматолошка установа.

Давање мислење за несоодветно лекување во вербална форма пред пациентот, помошниот персонал и лаичката јавност не е дозволено и стручно неодржливо. Негативно мислење за начинот на лекувањето во стручна средина може да се искаже само во присуство на засегнатиот лекар. Мислењето притоа треба да биде објективно, аргументирано, без лична дискредитација и навреди“ (член 54).

Аналогно, етичките кодекси на Лекарската и на Фармацевтската комора содржат слични одредби.

Дополнителни важни информации

Постои дискусија за донесување закон за докторска дејност (работен наслов), на предлог на Лекарската и на Стоматолошката комора на Република Македонија, во кој би се уредиле одредени прашања во врска со правата и обврските на докторите кои се сега уредени со други прописи (дисперзирано законодавство). Постојат размислувања дека ваквиот пристап повеќе би помогнал во видливоста на правата на докторите отколку во суштинското добивање (квантитативно и квалитативно) повеќе права, односно заштита на правата.

Устав на РМ

1 Устав на РМ, Службен весник 52/1991.pdf
2 Одлука за прогласување на амандмани I и II, Службен весник 1/1992.pdf
3 Одлука за прогласување на амандманот III Службен весник 31/1998.pdf
4 Одлука за прогласување на амандманите IV,V,VI,VII,VIII,IX,X,XI,XII,XIII,XIV,XV,XVI,XVII и XVIII, Службен весник 91/2001.pdf
5 Одлука за прогласување на амнадманот XIX, Службен весник 84/2003.pdf
6 Одлука за прогласување на амандманите XX,XXI,XII,XIII,XIV,XXV,XXVI,XVII,XVIII,XIX и XXX, Службен весник 107/2005.pdf
7 Одлука за прогласување на амандманот XXXI, Службен весник 03/2009.pdf
8 Одлука за прогласување на Амандманот XXXII, Службен весник на РМ бр.49-2011.pdf
9 Одлука за прогласување на Амандманите XXXIII до XXXVI, Службен весник бр. 6/2019.pdf
10 Уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, Службен весник бр. 6/2019.pdf

 

Закон за работни односи

1 Закон за работни односи, Службен весник бр. 62/2005.pdf
2 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 139-2005.docx
3 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 161-2005.docx
4 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 134-2005.docx
5 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 187-2005.docx
6 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 111-2006.docx
7 Одлука на Уставен Суд У. бр. 188-2006.docx
8 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 170-2006.docx
9 Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 106/2008.pdf
10 Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 161/2008.pdf
11 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 200-2008.docx
12 Закон за дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 114/2009.pdf
13 Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 130/2009.pdf
13.1 Исправка на измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 149/2009.pdf
14 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 20-2009.docx
15 Пречистен текст на Закон за работни односи, Службен весник бр. 16/2010.pdf
16 Закон за измена на Закон за работни односи, Службен весник бр. 50/2010.pdf
17 Закон за дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 52/2010.pdf
18 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 176-2009.docx
19 Закон за измена и дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 124/2010.pdf
20 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 263-2009.docx
21 Пречистен текст на Закон за работни односи, Службен весник бр. 158/2010.pdf
22 Закон за дополнување на Закон за работни односи, Службен весник бр. 47/2011.pdf
23 Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Службен весник бр. 11-2012.pdf
24 Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Службен весник бр. 39-2012.pdf
25 Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Службен весник бр. 13-2013.pdf
26 Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Службен весник бр.25-2013.pdf
27 Закон за изменување на Законот за работните односи, Службен весник бр. 170-2013.pdf
28 Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Службен весник бр. 187-2013.pdf
29 Одлука на Уставен суд, Службен весник бр. 106-2014.pdf
30 Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Службен весник бр. 113-2014.pdf
31 Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Службен весник бр. 27/2016.pdf
32 Закон за Работни односи, Одлука на Уставен Суд, У. бр. 114/2014, Службен весник бр. 134/2016.pdf
33 Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, Службен весник бр. 120/2018.pdf
34

Закон за изменување и дополнување на законот за работните односи, Службен весник на бр. 110/2019.pdf

35 Закон за изменување на законот за работните односи, Службен Весник бр. 267/2020.pdf
36 Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, Службен весник бр. 151/2021

 

Закон за безбедност и здравје при работа

1 Закон за безбедност и здравје, Службен весник бр. 92/2007.pdf
2 Одлука на Уставен суд, У. бр. 255-2009.pdf
3 Одлука на Уставен суд, У.бр.160-2010.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје, Службен весник бр. 136/2011.pdf
5 Одлука на Уставен суд, У. бр. 213-2011.pdf
6 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр.23-2013.pdf
7 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр.25-2013.pdf
8 Закон за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 137/2013.pdf
9 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
10 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 158/2014.pdf
11 Закон за дополнување на законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 15/2015.pdf
12 Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 129/2015.pdf
13 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 192/2015.pdf
14 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Службен весник бр. 30/2016.pdf
15 Одлука на Уставен суд, У бр.12/2017.pdf
16 Одлука на Уставен суд, У бр. 63/2018.pdf
17 Правилник за знаци за безбедност и здравје при работа, Службен весник на бр. 107/2019.pdf
18

 

Колективен договор за здравствена дејност

1 Колективен договор за здравствена дејност во РМ, Службен Весник бр. 60/2006.pdf
2 Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствена дејност, Службен весник бр. 156-2007.pdf
3 Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствена дејност, Службен весник бр. 17-2009.pdf
4 Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствена дејност, Службен весник бр. 88-2009.pdf
5 Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствена дејност, Службен весник бр. 60-2010.pdf
6 Анекс за дополнување на Колективниот договор за здравствена дејност, Службен весник бр. 33-2011.pdf
7 Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствена дејност, Службен весник бр.5-2013.pdf
8 Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, Службен весник бр. 158/2014.pdf
9 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствената дејност, Службен весник бр. 172/2014.pdf
10 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствена дејност на РМ, Службен весник бр. 118/2015.pdf
11 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствена дејност на РМ, Службен весник бр. 03/2016.pdf
12 Анекс за изменување и дополнување на колективен договор за здравствена дејност, Службен весник бр. 75/2016.pdf
13 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, Службен весник бр. 137/2016.pdf
14 Спогодба за дополнување на спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, Службен весник бр. 137/2016.pdf
15 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, Службен весник бр. 80/2018.pdf
16 Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, Службен весник бр. 179/2018.pdf
17 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, Службен весник на бр. 31/2019.pdf
18 Анекс за изменување на колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, Службен весник на бр. 32/2019.pdf
19 Анекс за изменување на колективниот договор за здравствената дејност на РСМ, Службен весник бр. 196/2019.pdf
20
21
22 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија, Службен весник бр. 32/2020.pdf
23 Анекс за изменување и дополнување на колективниот договор на здравствената дејност на РСМ, Службен весник бр. 174/2021

 

Закон за вработување и работа на странци

1 Закон за вработување и работа на странци, Службен Весник бр.217/2015.pdf
2 Закон за вработување и работа на странци, Правилник за начинoт на издавање на мислење за исполнетост на условите за издавање на дозвола за привремен престој на странец заради работа, Службен весник бр. 117/2016.pdf
3 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Службен весник бр. 163/2021

1 Закон за вработување и работа на странци, Службен Весник бр.70/2007.pdf (вон сила)
2 Одлука на Уставен Суд, У.бр. 2-2008.docx (вон сила)
3 Закон за измена и дополнување на Закон за вработување и работа на странци, Службен Весник бр.5/2009.pdf (вон сила)
4 Закон за измена и дополнување на Закон за вработување и работа на странци, Службен Весник бр.35/2010.pdf (вон сила)
5 Одлука на Уставен Суд, У. бр. 230-2009.docx (вон сила)
6 Закон за измена и дополнување на Закон за вработување и работа на странци, Службен Весник бр.148/2011.pdf (вон сила)
7 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Службен весник бр.84-2012.pdf (вон сила)
8 Закон за дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Службен весник бр. 148/2013.pdf (вон сила)
9 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Службен весник бр. 38-2014.pdf (вон сила)
10 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Службен весник бр. 150/2015.pdf (вон сила)

 

Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност

1 Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр.48/2002.pdf
2 Закон за измена и дополнување на Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр.135/2007.pdf
3 Пречистен текст на Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр.154/2010.pdf
4 Закон за измена и дополнување на Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр. 53/2011.pdf
5 Закон за дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
6 Закон за дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен весник бр. 43-2014.pdf
7 Закон за изменување и дополнување на Закон за заштита од јонизирачко зрачење, Службен весник бр. 149/2015.pdf
8 Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен весник бр. 37/2016.pdf
9

Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Службен весник бр. 83/2018.pdf

Back To Top