skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Правото како што гласи во националното законодавство

Правото на здружување е гарантирано со Уставот на РМ: „На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања“ (член 20).

Во согласност со Законот за здравствена заштита „заради заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на здравствената заштита, заштитата на интересите на својата професија, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, докторите на медицина, докторите на стоматологија и дипломираните фармацевти се здружуваат во лекарска, стоматолошка односно фармацевтска комора.

Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора има својство на правно лице и се запишува во Централниот регистар на Република Македонија“ (член 155, став 1 и став 2).

Во согласност со Законот за здравствена заштита, „заради заштита, унапредување на стручноста и етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на здравствена заштита, заштита на интересите на својата професија, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, здравствените работници со средно и више стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата да се здружуваат во комора на здравствените работници со средно и више образование“ (член 155­а, став 1).

Коморите имаат широки законски овластувања, особено во лиценцирањето на здравствените работници (види Обврска за лиценцирање, континуирана медицинска едукација и релиценцирање, од овој прирачник).

Дополнителни важни информации

Лекарската комора и Стоматолошката комора издаваат, обновуваат, продолжуваат и одземаат основна лиценца или лиценца за работа и водат регистар на издадени, продолжени, обновени и одземени лиценци.
Фармацевтската комора издава, продолжува, обновува и одзема лиценца за работа и води регистар на издадени, продолжени, обновени и одземени лиценци.
Формата и содржината на регистрите и начинот на нивното водење ги пропишуваат коморите со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност.
Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора може да одземе лиценца за работа на доктори на медицина, доктори на стоматологија и дипломирани фармацевти ако утврди дека ја прекршиле лекарската етика или сториле потешка повреда на стандардите и на квалитетот на здравствените услуги.
За одлуката на Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската ко -мора може да се поднесе жалба до министерот за здравство.
Коморите донесуваат статут, утврдуваат кодекс на професионалните етички должности и права, формираат суд на честа и други помошни тела и донесуваат други акти за начинот на работењето на нивните органи и акти за кои се овластени со закон.
Коморите се должни двапати годишно да доставуваат извештај за работите што се однесуваат на издавањето, продолжувањето, обновувањето и одземањето на лиценците до Министерството за здравство.
Здравствените работници се здружуваат во Македонско лекарско друштво, како и во стручни здруженија од одделни специјалности во составот на Македонското лекарско друштво заради следење на достигнувањата и унапредувањата во одделни гранки на медицината.
Македонското лекарско друштво преку стручните здруженија и други здруженија организира различни форми на стручно усовршување на здравствените работници, изработува стручни упатства за работа по одделни специјалности и предлагаат мерки за унапредува е на стручната работа на здравствените работници (член 156).

Етички кодекси

Етичките кодекси на здравствените работници ги дефинираат професионалните права и обврски на здравствените работници, членови на коморите. Во Република Македонија се донесени Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија и Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија.
Етичките кодекси во Република Македонија имаат специфична тежина со оглед на фактот што важечкото законодавство должностите на здравствените работници ги регулира специфично упатувајќи на примена на медицинската етика. Имено, „здравствениот работник кој непосредно врши медицинска интервенција над пациентот е должен да ја врши совесно својата должност во согласност со правилата на медицинската етика, со единствена цел за заштита и унапредување на здравјето на пациентот (Закон за заштита на правата на пациентите, член 38, став 1, точка 2)“. Види, исто така, Поглавје 5 ­ Национални специфики. Понатаму, членот 1 од Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, на пример, ги определува обврските и должностите на докторите на медицина.

Дополнителни важни информации

Со Законот за здруженија на граѓани и фондации „се уредуваат начинот, условите и постапката за основање, регистрацијата, работењето и престанокот на здруженијата на граѓани и фондациите“ (член 1).
Централниот регистар на Република Македонија е институција формирана во согласност со Законот за Централен регистар, има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со закон и е централна информативна база на податоци, кои во согласност со закон или договор се внесуваат во неа. Во базите на податоци на Централниот регистар на Република Македонија задолжително се внесуваат податоците кои се однесуваат на конституираните права на сопственост врз недвижен имот и стварните права врз туѓи ствари (залог, хипотека, службеност, реални товари, долгорочен закуп и пренос на сопственост на предмети и пренос на права поради обезбедување), стекнат статус на трговско друштво или статус на друг вид
правно лице и годишни сметки.
Централниот регистар на Република Македонија е со седиште во Скопје, а заради ефикасно извршување на работите има своја разгранета мрежа на канцеларии во сите поголеми градови во Република Македонија и тоа десет регионални регистрациски канцеларии и дваесет регистрациски канцеларии.

Устав на РM

1 Устав на РМ, Службен весник бр. 52/1991.pdf
2 Одлука за прогласување на амандмани I и II, Службен весник бр. 1/1992.pdf
3 Одлука за прогласување на амандманот III Службен весник бр. 31/1998.pdf
4 Одлука за прогласување на амандманите IV,V,VI,VII,VIII,IX,X,XI,XII,XIII,XIV,XV,XVI,XVII и XVIII, Службен весник бр. 91/2001.pdf
5 Одлука за прогласување на амнадманот XIX, Службен весник бр. 84/2003.pdf
6 Одлука за прогласување на амандманите XX,XXI,XII,XIII,XIV,XXV,XXVI,XVII,XVIII,XIX и XXX, Службен весник бр. 107/2005.pdf
7 Одлука за прогласување на амандманот XXXI, Службен весник бр. 03/2009.pdf
8 Одлука за прогласување на Амандманот XXXII, Службен весник на РМ бр.49-2011.pdf
9 Одлука за прогласување на Амандманите XXXIII до XXXVI, Службен весник бр. 6/2019.pdf
10 Уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, Службен весник бр. 6/2019.pdf

 

Закон за здравствена заштита

1 Закон за здравствена заштита, Службен весник бр. 43/2012 (во сила).pdf
2 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 145/2012 (во сила).pdf
3 Одлука на Уставен суд, У.бр. 59-2012.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 87-2013.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
6 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 39-2014.pdf
7 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 43-2014.pdf
8 Одлука на Уставен суд, Службен весник бр. 101-2014.pdf
9 Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 132/2014.pdf
10 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 188/2014.pdf
11 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 10/2015.pdf
12 Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 61/2015.pdf
13 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 154/2015.pdf
14 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 192/2015.pdf
15
16
17
18
19
20 Закон за изменување и дополнување на законот за здравствената заштита, Службен весник на бр. 153/2019.pdf
21 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 180/2019.pdf
22 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 275/2019.pdf
23 Уредба со законска сила за примена на законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, Службен весник бр. 76/2020.pdf
24 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 77/2021
25 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 122/2021
26 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 178/2021

 

Кодекс на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија.pdf

Кодекс на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија.pdf

Кодекс на стоматолошката етика и деонтологија.pdf

 

Закон за здруженија на граѓани и фондации

1 Закон за здруженија на граѓани и фондации, Службен весник бр. 52/2010.pdf
2 Закон за измена и дополнување на Закон за здруженија на граѓани и фондации, Службен весник бр.135/2011.pdf
3 Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, Службен весник бр. 55/2016.pdf

 

Закон за централен регистар

1 Закон за централен регистар, Службен весник бр. 50/2001.pdf
2 Закон за измена и дополнување на Закон за централен регистар, Службен весник бр. 49/2003.pdf
3 Закон за дополнување на Закон за централен регистар, Службен весник бр. 109/2005.pdf
4 Закон за дополнување на Закон за централен регистар, Службен весник бр. 88/2008.pdf
5 Закон за дополнување на Закон за централен регистар, Службен весник бр. 35/2011.pdf
6 Закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, Службен весник бр. 43-2014.pdf
7 Закон за изменување и дополнување на законот за централен регистар, Службен весник бр. 199/2014.pdf
8 Закон за дополнување на Законот за Централен регистар, Службен весник бр. 97/2015.pdf
9 Закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, Службен весник бр. 153/2015.pdf
10 Закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, Службен весник бр. 27/2016.pdf
11 Закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, Службен весник бр. 83/2018.pdf
12 Закон за централен регистар на население, Службен весник на бр. 98/2019.pdf
13 Закон за изменување и дополнување на законот за Централен Регистар, Службен Весник бр. 311/2020.pdf
Back To Top