skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Обврската како што гласи според националната регулатива  

Според членот 29 од Законот за заштита на правата на пациентите, секој пациент за време на престојот во здравствената установа има обврска, во согласност со состојбата на неговото здравје, да „се грижи за сопственото здравје“ (член 29, точка 1).

Во таа смисла е и обврската на пациентот „активно да им помага на здравствените работници што му даваат здравствена заштита“ (член 29, точка 3), односно „да постапува според советите на здравствените работници за негова нега, третман и рехабилитација“ (член 29, точка 4).

Дополнителни прописи

Со Законот за ментално здравје, исто така, е уредена обврската на пациентот и тоа за време на престојот во здравствена установа, во согласност со состојбата на  неговото  ментално  здравје,  тој  е  должен  да  постапува  според  советите  на здравствените работници за негова нега, третман и рехабилитација, како и да ги почитува правилата за однесување во здравствената установа и да прифати работен ангажман доколку тој е дел од неговата рехабилитација (член 15).

Според Законот за заштита на населението од заразни болести, лицата што претставуваат потенцијална опасност за животот и за здравјето на другите имаат  обврска  да  извршат  здравствено/хигиенски  прегледи,  односно  да  примат имунизација според соодветните прописи. Според членот 34 од овој закон, заштита со специфичен имуноглобулин е задолжителна за одредени медицински индикации, пропишани во членот.

Според  членот  44  од  Законот  за  заштита  на  населението  од  заразни  болести, „здравствено – хигиенски прегледи заради спречување на заразните болести се вршат над лица, објекти, простории, предмети, вклучувајќи и земање на материјал за усмерено лабораториско испитување. Прегледите се задолжителни за:
1) лицата кои спроведуваат воспитно – образовна дејност и здравствена дејност и во објектите и просториите каде што се спроведува таа дејност;
2) лицата кои доаѓаат во контакт со храна, вода за пиење, во производството и прометот со храна, при снабдувањето на населението со вода за пиење, како и за објектите и просториите каде што се спроведува таа дејност;
3) вработените во производството, припремата и издавањето на лекови и лицата кои на друг начин во текот на работата доаѓаат во непосреден контакт со лекови, како и објектите во кои се произведуваат, чуваат и издаваат лековите     и
4) лицата кои даваат хигиенска нега, работат во производството на козметички средства или вршат рекреација на населението, како и објектите и просториите каде што се спроведува таа дејност “ (став 1 и став 2).

Според членот 47 од Законот за заштита на населението од заразни болести, „за лицата од членот 45 и од членот 46 од овој закон, кои се извор на зараза, односно постои опасност од ширење заразни болести, здравствено – хигиенските прегледи се задолжителни сè додека постојат епидемиолошки индикации.

Back To Top