skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Правото како што гласи во националното законодавство

Со Законот за здравствена заштита е регулирано дека здравствените работници со соодветно стручно образование (здравствени работници се лица со VII до IV степен стручна подготовка, односно лице со високо, више или средно насочено образование од областа на медицината, стоматологијата или фармацијата), завршен приправнички стаж, положен стручен испит и добиена лиценца за работа (за здравствените работници со високо образование), а за определени работи и работни задачи соодветна специјализација или супспецијализација, можат самостојно да даваат здравствена заштита (членови 138­140).

Дополнителни прописи/информации

Со Законот за здравствена заштита се регулирани и правата и обврските, како и статусот и стажот на приправниците­здравствени работници.

„Здравствените организации и здравствените работници кои самостојно вршат здравствена дејност со личен труд можат да примаат здравствени работници­приправници на неопределено време и приправници на определено време заради стручно оспособување за самостојно вршење на работите и задачите и полагање на стручниот испит (волонтери).

Приправничкиот стаж на здравствените работници со висока стручна подготовка се врши во здравствени организации што ги исполнуваат пропишаните услови“ (член 141).

„По завршувањето на приправничкиот стаж здравствените работници полагаат стручен испит.

Здравствените работници со средно, више и високо стручно образование во траење од три години стручниот испит го полагаат пред испитни комисии кои министерот за здравство ги образува во јавните здравствени установи.

Здравствените работници со високо образование стручниот испит го полагаат пред испитни комисии кои ги образува Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора од редот на лицата определени во согласност со членот 142, став 2, на овој закон.

Положениот стручен испит од ставот 3 на овој член за здравствените работници со високо образование од областа на медицината и стоматологијата е услов за добивање на основна лиценца” (член 143).

„Приправничкиот стаж и стручниот испит што здравствените работници ги поминале и положиле во странство може да се признае во целост или делумно ако програмата за поминатиот стаж, односно програмата за полагање на стручниот испит не отстапува од програмата за приправничкиот стаж, односно програмата за стручниот испит донесени врз основа на овој закон.

За признавање на приправничкиот стаж и стручниот испит од ставот 1 на овој член здравствени работници со средно, више и високо стручно образование во траење од три години решава Министерството за здравство, а на здравствените работници со високо образование решава Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора“ (член 145).

Етички кодекси

Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија и Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија го регулираат ова прашање.

„При вршењето на својата професија, во границите на со неа определените подрачја на работа и стручната оспособеност, лекарите се самостојни и независни, а за својата работа се одговорни пред сопствената совест, пред болниот, пред органите на Лекарската комора на Македонија и пред општеството“ (член 5).

„При вршење на својата професија докторот на стоматологија, во согласност со степенот на својата стручност, е самостоен и независен.

За својата работа е одговорен пред својата совест, пред болниот и неговото семејство, пред органите на Стоматолошката комора на Македонија и пред Законот“ (член 5).

Закон за здравствена заштита

1 Закон за здравствена заштита, Службен весник бр. 43/2012 (во сила).pdf
2 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 145/2012 (во сила).pdf
3 Одлука на Уставен суд, У.бр. 59-2012.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 87-2013.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
6 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 39-2014.pdf
7 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 43-2014.pdf
8 Одлука на Уставен суд, Службен весник бр. 101-2014.pdf
9 Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 132/2014.pdf
10 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 188/2014.pdf
11 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 10/2015.pdf
12 Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 61/2015.pdf
13 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 154/2015.pdf
14 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 192/2015.pdf
15
16
17
18
19
20 Закон за изменување и дополнување на законот за здравствената заштита, Службен весник на бр. 153/2019.pdf
21 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 180/2019.pdf
22 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 275/2019.pdf
23 Уредба со законска сила за примена на законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, Службен весник бр. 76/2020.pdf
24 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 77/2021
25 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 122/2021
26 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 178/2021

 

 

Кодекс на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија.pdf

Кодекс на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија.pdf

Кодекс на стоматолошката етика и деонтологија.pdf

Back To Top