skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Европска повелба за правата на пациентите

„Секој поединец има право на пристап до висококвалитетна здравствена заштита заснована на прецизни стандарди.  
Правото на квалитетна здравствена заштита бара од здравствените установи и од здравствените работници да обезбедат задоволително ниво на технички перформанси, удобност и човечки односи. Тоа имплицира специфицирање и почитување на прецизните стандарди за квалитет, донесени со  постапка на јавни и професионални расправи, и тие треба да се проверуваат и оценуваат периодично“.

Правото како што гласи во националното законодавство

Ова право најјасно е уредено со Законот за заштита на правата на пациентите, односно „пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности…во согласност со достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување“ (член 5,
став 3).

Дополнителни прописи

Со Законот за заштита на населението од заразни болести се пропишува дека „мерките за заштита од заразни болести непосредно ги спроведуваат здравствените установи и здравствените работници, при што  применуваат методи и средства во согласност со најновите научномедицински достигнувања, овој закон и со друг закон од областа на здравствената заштита“ (член 7, став 1).

Со Законот за безбедност во снабдувањето со крв се пропишува дека „крвта и крвните компоненти мора да бидат со квалитет и безбедност, така што нема да ги загрозуваат животот и здравјето на примателот на крв и крвни компоненти. Поблиските критериуми по однос на квалитетот и безбедноста на крвта и крвните компоненти ги пропишува министерот за здравство“ (член 20).

Со Законот за лекови и медицински помагала, „се уредуваат лековите и медицинските  помагала  за  употреба  во  хуманата  медицина,  условите  и  начинот за обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките  за  нивно  производство,  испитување,  пуштање  во  промет,  промет, формирање на цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор“  (член 1, став 1).

Со Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување се уредува дека „БПО се врши со цел да се постигне оплодување во согласност на научнотехничкиот напредок, медицинската наука и искуствата, со посебен акцент кон човековите права (член 2, став 2).

Со Законот за условите за земање, разменување, пренесување и пресадување делови  од  човечкото  тело  заради  лекување се  уредуваат  „..условите  за земање, разменување, пренесување и пресадување делови од човечкото тело заради лекување…“ (член 1, алинеи 1, 2 и 3), чијашто цел е квалитетно и безбедно спроведување на медицинските постапки.

Со Законот за прекин на бременоста, исто така, се воспоставуваат стандарди за квалитет во здравствената заштита при изведување на медицинските интервенции.

Етички кодекси

Во етичките кодекси нема одредби кои директно се однесуваат на ова право.

Back To Top