skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Обврската како што гласи во националното законодавство

Законот за заштита на правата на пациентите ги уредува должностите на здравствените работници во однос на информирањето и тоа: да му ги даде на пациентот информациите од членот 7, став 1, точки од 1 до 9, како и членот 10 на овој закон; да ја почитува волјата на пациентот во врска со информациите и медицинските интервенции, изразена во согласност со овој закон; да даде информации во согласност со членот 17, став 2, од овој закон, во случаи на научно истражување, односно во согласност со членот 18 од овој закон во случаи на медицинска настава; да го извести лицето од членот 25, став 6, на овој закон, а во случаи пропишани со други прописи и надлежните органи за напуштањето на здравствената установа од страна на пациентот, без најава (член 38, точки 3, 5, 6 и 10).

Членот 7, став 1, од овој закон се однесува на правото на пациентот „во сите фази на здравствената заштита да биде потполно информиран за:
1. својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена на резултатите и исходот на одредена медицинска интервенција, како и нејзините најчесто очекувани компликации;
2. препорачаните медицински интервенции, како и планираните датуми за нивно спроведување (програма за третман и рехабилитација);
3. можните предности и ризици при спроведувањето, односно поради неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции;
4. своето право на одлучување за препорачаните медицински интервенции;
5. можните замени за препорачаните медицински интервенции;
6. причините за евентуалните разлики на постигнатиот резултат од медицински интервенции во однос на очекуваниот;
7. текот на постапката при укажувањето на здравствената заштита;
8. препорачаниот начин на живеење и
9. правата од здравствената заштита и здравственото осигурување, како и постапката за остварување на тие права“.

Во согласност со членот 10 од овој закон, здравствениот работник, односно здравствената установа, има обврска да му овозможи на пациентот информации за „имињата, стручната подготовка и специјализацијата на здравствените работници кои му укажуваат непосредно здравствена заштита, преку задолжително јавно истакнување на лиценцата за работа издадена од соодветната комора во просторијата каде што работи“.

Со Законот за заштита на правата на пациентите се уредува и правото на пациентите, а со тоа и обврската на здравствениот работник, односно здравствената установа, да добиваат писмена изјава, односно согласност за преземањето односно неспроведувањето одредена медицинска интервенција, во сооднос со информираната согласност од страна на пациентот (член 14).

Дополнителни прописи

Со Законот за ментално здравје е регулирана и обврската на здравствената установа да „…дава информации на лицето со ментална болест, ако со тоа не се предизвикува нарушување на состојбата со неговото ментално здравје“ (член 21).

Обврска на здравствената установа е за приемот на лице со ментална болест веднаш да ги извести родителите, законските застапници или други лица од кругот на лицата кои живеат во заедничко домаќинство со лицето со ментална болест, а ако лицето е сместено во здравствена установа без негова согласност, здравствената установа е должна да го извести надлежниот суд. Ако судот не донесе одлука за одобрување на сместувањето на лицето во здравствената установа, здравствената установа е должна да го отпушти лицето (член 22).

Во согласност со Законот за ментално здравје, обврска на здравствената установа е да го отпушти лицето со ментална болест ако стручниот тим утврди дека состојбата со менталното здравје на лицето е подобрена до степен да може да се упати на натамошен третман и нега во заедницата. Лицето при отпуштањето задолжително се информира за состојбата со неговото ментално здравје и се упатува за остварување на правата во системот на здравствена или социјална заштита на ниво на заедницата. Освен тоа, здравствената установа е должна да ги извести родителите, законските застапници или другите лица од кругот на лицата кои живеат во заедничко домаќинство за отпуштање на лицето со ментална болест. Здравствена установа е должна да го отпушти лицето со ментална болест кое е сместено без негова согласност само врз основа на одлука на надлежниот суд, донесена врз основа на мислењето на стручниот тим (член 24).

Законот за заштита на населението од заразни болести го обврзува секој лекар „да ги запознае пациентите со превентивните мерки за заштита од заразни болести, значењето на вакцинациите и другите мерки на заштита“ (член 50, став 1).

Во согласност со Законот за прекинување на бременоста, здравствениот работник има должност да ги предупреди бремената жена и нејзиниот брачен другар на можните штетни последици од прекинувањето на бременоста за здравјето и животот на жената и да ги запознае со можностите и методите за спречување на несаканата бременост (член 7).

Со Законот за безбедност во снабдувањето со крв е регулирана обврската на установата за трансфузиска медицина, пред почнување на постапката за дарување крв, на дарителот на крв да му даде информации за дарувањето крв, да побара податоци за лична идентификација, како и други податоци во врска со неговата здравствена состојба и историја за минатите заболувања, и да добие писмена и потпишана согласност со која дарителот на крв потврдува дека бил информиран за постапката за дарување крв и дека ја разбрал и доброволно се согласил за нејзино изведување (член 16, став 1).

Установата за трансфузиска медицина е должна да издаде упатство за дарителите на крв што содржи вид информации што му се даваат на дарителот на крв во врска со дарувањето крв, вид информации што се бараат од дарителот на крв, начин на нивното давање, односно побарување, критериумите за подобност на дарителот на крв, други мерки во врска со дарувањето крв од интерес за дарителот на крв, како и образец и содржина на писмената согласност на дарителот на крв за дарување крв и да обезбеди стручно советување за дарителите на крв на ме-
стото и во времето каде што се врши дарувањето крв (член 16, став 3 и став 4).

Во согласност со Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување , здравствената установа која е овластена за спроведување постапка на БПО е должна да определи одговорно лице за давање информации на донаторот пред почнување на постапката за донирање, кое е соодветно обучено за давање информации на јасен начин, користејќи термини кои се лесно разбирливи за донаторот.

Одговорното лице од ставот 1 на овој член е должно, пред почнување на постапката за донирање, на донаторот да му: „….даде информации за целта и природата на донирањето, последиците и ризиците, аналитичките тестови, ако се потребни, доставувањето и заштитата на податоците, медицинската доверливост, терапевтската цел и можната корист, информации за мерките кои се спроведуваат за заштита на донаторот, правото да добие јасно објаснети резултати од аналитичките тестови и правните последици од користењето донирани полови клетки или ембриони и да даде информација за давање на задолжителна слободна писмена со-
гласност за донирање“ (член 14).

„Пред спроведување на постапката на БПО овластен доктор во здравствената установа е должен на брачната или вонбрачната двојка или жената да им ја објасни постапката, успешноста на постапката, како и можните последици и ризици што може да се случат при и по завршување на која било процедура во текот на постапката за БПО“ (член 10, став 2).

Законот за условите за земање, разменување, пренесување и пресадување делови од човечкото тело заради лекување е особено ригорозен во врска со обврските на лекарот во оваа област и предвидува кривични санкции. Имено, лекар кој заради пресадување ќе земе дел од телото на лице за кое, според правилата на медицинската наука, комисијата утврдена со овој закон не утврдила дека настапила смрт, ќе се казни за кривично дело со затвор од шест месеци до три години. Со оваа казна ќе се казни лекар кој заради пресадување ќе земе дел од телото на умрено лице кое кога било живо изречно во писмена форма се противело на земањето дел од телото или ако земе дел од телото на умрено малолетно или душевно заболено лице без претходна писмена согласност од родителот или старателот (член 27).

„Лекар кој заради пресадување ќе земе дел од телото на живо полнолетно душевно здраво лице без претходно прибавена писмена согласност од тоа лице или ако земе дел од телото на живо лице кое не е полнолетно, кое е душевно заболено или е деловно неспособно или ако земе коскена срцевина од малолетно лице без претходно прибавена писмена согласност од родителите, ќе се казни за кривично дело со затвор од три месеци до три години.

Со оваа казна ќе се казни за кривично дело лекар кој пред пресадувањето нема да прибави, во писмена форма, согласност од примателот, односно од неговиот родител или старател, ако примател е малолетно лице или душевно заболено лице, или ако пресади дел од телото спротивно на волјата на давателот изразена во дадената согласност.

Со оваа казна ќе се казни и одговорното лице во здравствената организација ако зема или пресадува делови од човечкото тело или го испитува совпаѓањето за пресадување, а организацијата не ги исполнува условите за тоа пропишани со овој закон и со прописите донесени врз основа на овој закон“ (член 28).

Етички кодекси

Според Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија и Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија, пред да го почне лекувањето лекарот и докторот ­ стоматолог се должни да го известат болниот за видот на болеста, за моментната здравствена состојба и за предвидувањата за исходот на болеста. За предвидените начини на лекување тој треба да добие свесна и доброволна согласност од болниот (член 21, став 1, односно член 28).

Известувањето на пациентот за неговата здравствена состојба треба да биде исклучително и во најширока смисла во негова полза. Особена внимателност и прецизност во објаснувањето го обврзува лекарот кога применува дијагностички и терапевтски методи поврзани со ризик. При посебни психички состојби на болниот, објаснувањата не се препорачливи ако би можеле да влијаат негативно врз лекувањето. Во такви случаи е потребно да се информираат роднините на
болниот (член 21, став 2). Лекарот е должен при приемот во болница да ги извести пациентите за рутинските постапки, за начините на лекувањето и за медицинско ­ техничките можности со кои располага здравствената установа (член 23).

Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија ја уредува и должноста на докторот ­ стоматолог да го информира пациентот за неговата болест и за исходот, кога станува збор за неизлечива болест, како и обврската за давање неопходна лекарска грижа и морална поддршка на овие пациенти (член 29).

Според Кодексот на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија, лекарот, по сопствена процена по секој зафат, може да бара писмена согласност од болниот откако ќе го информира за испитувањата, за дијагнозата, за начините на лекувањето и за прогнозата. Посебна грижа и одговорност за лекарот претставуваат малолетните лица и лицата под старателство. Во такви случаи при подготовките за зафатот, односно при планираното лекување, треба да биде добиена посебна согласност од правните застапници на болниот, освен ако тој не се наоѓа во конкретна животна опасност (член 22).

И Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија на Стоматолошката комора на Република Македонија го обврзува докторот ­ стоматолог да побара писмена согласност за одредени интервенции; кај малолетни лица оваа согласност се бара од нивниот родител, старател или правен застапник (член 30, став 1). Оваа обврска може да не се почитува само во случаи кога пациентот се наоѓа во животна опасност (член 30, став 2).

Во согласност со Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија , фармацевтот е должен да ги соопштува сите информации во врска со лекот на пациентот и тоа усно или писмено, при тоа ставајќи го на прво место здравјето на пациентот, а не цената на лекот (член 19). Истовремено, „фармацевтот е должен да одбие издавање лекови кои, според неговото стручно убедување и совест, би можеле да бидат неетички или штетни за пациентот. Фармацевтот треба да се потпира врз своето знаење и совест и при тоа да биде независен од разни влијанија или од несоодветни желби на пациентите, неговите роднини и друго“ (член 20).

Дополнителни важни информации

За да се обезбеди заштита на здравјето на дарителите и примателите на крв, со Законот за безбедност во снабдувањето со крв се уредени прашањата на чување на примероците од серум од секоја единица издадена крв за тестирање пет години од денот на извршеното тестирање (член 23), забранета е дистрибуција и употреба на крв и крвни компоненти ако не може да се докаже нивното потекло и ако не ги исполнуваат условите утврдени со овој закон (член 24), како и да обезбеди да можат да се следат (установата за трансфузиска медицина е должна да обезбеди крвта и крвните компоненти што се собрани, подготвени, складирани и дистрибуирани во Република Македонија да можат да се следат од дарителот на крв до примателот на крвта и обратно ­ член 25, став 1 ­ односно здравствената установа во која се дистрибуираат крв и крвни компоненти заради употреба е должна да обезбеди добиената крв да може да се следи до примателот на крвта и обратно, преку единицата за трансфузиска медицина – член 25, став 2). За да се обезбеди следењето, се применува систем за идентификација на секое поединечно дарување крв и крвни компоненти со кое без каква било грешка може да се идентификува секое поединечно дарување и тип на крв и крвни компоненти кои мора да бидат означени.

Во Законот за заштита на правата на пациентите е содржана посебна глава за заштита на правата на пациентите според која на установата е обврска да се грижи за заштита на правата на пациентите и да дава правни совети и правна помош на пациентите во однос на остварувањето и заштитата на нивните права (член 33); на болничките здравствени установи е обврска да назначат советник за заштита на правата на пациентите (член 44) со точно утврдени обврски ­ да дава правни совети и правна помош на пациентите во однос на остварувањето и заштитата на нивните права; да разгледува усни и писмени поплаки од пациенти и да дава мислење за нивно решавање до директорот на здравствената установа; да посредува во мирното решавање на прашањата меѓу пациентот и здравствениот работник подигнати со усна поплака; да води досие за секоја усна или писмена поплака на пациентите, како и на други поведени правни постапки за заштита на правата на пациентите на здравствената установа, кое, по завршување на постапката, станува составен дел од медицинското досие на пациентот; да ги информира и обучува здравствените работници во здравствената установа за остварувањето на правата на пациентите во согласност со овој закон; да врши и други задачи заради заштита на правата на пациентите во здравствената установа, да определи на лесно достапно место и јасно да означи „Канцеларија на советникот за заштита на правата на пациентите“.
Во здравствените установи во кои не се сместуваат пациенти, во согласност со членот 45 од Законот, се спроведуваат активности на давање правни совети и правна помош на пациентите во однос на остварувањето и заштитата на нивните права; разгледување усни и писмени поплаки од пациенти и дава мислење за нивно решавање до директорот на здравствената установа; посредување во мирното решавање на прашањата меѓу пациентот и здравствениот работник подигнати со усна поплака; водење досие за секоја усна или писмена поплака на пациентите, како и на други поведени правни постапки за заштита на правата на пациентите на здравствената установа, кое, по завршување на постапката, станува составен дел од медицинското досие на пациентот; информирање и обучување на здравствените работници во здравствената установа за остварување на правата на пациентите во согласност со овој закон; и вршење и други задачи заради заштита на правата на пациентите во здравствената установа. Заради информирање и запознавање со правата што произлегуваат од Законот за заштита на правата на пациентите, здравствената установа е должна, на видно и лесно достапно место, да го истакне текстот на Законот.

Закон за заштита на правата на пациентите

1 Закон за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 82/2008.pdf
2 Закон за изменување на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 12/2009.pdf
3 Закон за изменување на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 53/2011.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 150/2015.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 190/2019.pdf
6 Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите, Службен весник бр. 122/2021

 

Закон за ментално здравје

1 Закон за ментално здравје, Службен весник бр. 71/2006.pdf
2 Закон за изменување и дополнување на законот за ментално здравје, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за заштита на населението од заразни болести

1 Закон за заштита на населението од заразни болести,Службен весник бр. 66/2004.pdf
2 Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести,Службен весник бр. 139/2008.pdf
3 Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести,Службен весник бр. 99/2009.pdf
4 Одлука на Уставен суд, У. бр. 94-2010.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Службен весник бр. 149/2014.pdf
6 Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести, Службен весник бр. 150/2015.pdf
7 Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Службен весник бр. 37/2016.pdf
8 Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести, Службен Весник бр. 257/2020
Поврзани прописи
I
II
III
IV
V
VI
VII
VIII
IX
X
XI

 

Закон за прекинување на бременоста

1 Закон за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 87-2013.pdf (во сила)
2

Закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Службен Весник бр.164-2013.pdf

3

Закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 144/2014.pdf

4 Закон за изменување и дополнување на Законот за прекинување на бременоста, Службен весник бр. 149/2015.pdf
5 Закон за прекинување на бременоста, Службен весник на бр. 101/2019.pdf

 

Закон за безбедност во снабдување со крв

1 Закон за безбедност во снабдување со крв, Службен весник бр. 110/2007.pdf
2 Закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен Весник бр.164-2013.pdf
3 Закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен весник бр. 144/2014.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Службен весник бр. 150/2015.pdf

 

Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување

1 Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување, Службен весник бр. 37/2008.pdf
2 Закон за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Службен Весник бр.164-2013.pdf
3 Закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Службен весник бр. 149/2014.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Службен весник бр. 192/2015.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Службен весник бр. 37/2016.pdf

 

Закон за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување

 

1 Закон за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Службен весник бр.47-2011.pdf
2 Закон за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 136-2011.pdf
3 Закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 91-2013.pdf
4 Закон за изменување на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, Службен Весник бр.164-2013.pdf
5 Закон за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 27/2014.pdf
6 Закон за дополнување на законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 112-2014.pdf
7 Закон за изменување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 144/2014.pdf
8 Закон за изменување и дополнување на законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 124/2015.pdf
9 Закон за изменување и дополнување на законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 149/2015.pdf
10 Закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, Службен весник бр. 37/2016.pdf
Back To Top