skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Правото како што гласи во националното законодавство

Со членот 26 од Законот за заштита на правата на пациентите е регулирано правото на одржување контакти со лица од здравствената установа и со други лица. Ова право го има пациентот во текот на престојот во болничка здравствена установа, а во согласност со куќниот ред на установата, и тоа да прима посетители во согласност со куќниот ред на здравствената установа и да забрани посета
на одредено лице или лица. Освен тоа, пациентот има право да прима и испраќа пошта и да прави телефонски разговори на сопствен трошок, да следи радиопрограми и телевизиски програми во рамки на можностите на здравствената установа; да учествува, по свој избор, во верски активности во рамки на можностите и на здравствената установа и да користи отсуство за викенд во согласност со неговата здравствена состојба, доколку тоа го дозволуваат условите.

Дополнителни прописи

Според Законот за ментално здравје, лицето со ментална болест во текот на престојот во здравствена установа има право на лични контакти со лица од установата или со други лица, да прима и испраќа пошта, да прави телефонски разговори и да следи радиопрограми и телевизиски програми во рамки на можностите на здравствената установа (член 14).

Етички кодекси

Во соодветните етички кодекси нема одредби кои директно се однесуваат на ова право.

Back To Top