skip to Main Content
+389 (0) 2 3298 295 healthrights@esem.org.mk

Светски ден за безбедност и здравје на работа

Извор: Институт за јавно здравје на Р. Македонија – 27.04.2018

Оваа година Светскиот ден за безбедност и здравје на работа се одбележува заедно со Светскиот ден против детски труд и има за цел за подобрување на безбедноста и здравјето на работа на младите работници и елиминација на детскиот труд.

Кампањата по повод одбележувањето на овој ден тежнее кон што побрзо постигнување на Одржливите развојни цели 8.8 и 8.7 за безбедни и сигурни на работните услови за сите работници до 2030 година и за елиминација на сите форми на детски труд до 2025 година. За ова е потребен интегриран и сеопфатен мултисекторски пристап, затоа што во светот има 541 милиони млади работници на возраст од 15-24 години, што вклучува и 37 милиони на деца изложени на штетни агенси при работа.

Тоа претставува 15% од вкупната светска работна сила, а кај нив во просек се забележува за 40% повисока стапка на нефатални повреди на работа отколку кај возрасните работници.

Во Република Македонија во 2016 година (податоци според Државниот завод за статистика) има 5855 вработени млади од 15-19 години и 38639 од 20-24 години, што претставува 6.1% од вкупно вработените лица. Овој низок процент на вработени млади лица секако се должи и на фактот дека кај нас е задолжително средното образование, па оттука и младите до нивната 18-годишна возраст се вклучени во образовниот процес и не се појавуваат на пазарот на трудот (освен во занимањата со задолжителна практична обука).

Карактеристиките на физичкиот и психофизиолошкиот развој на децата и младите што се вклучени во работниот процес, претставуваат посебен фактор на ризик што ги прави тие да се исклучително чувствителни кон постоечките професионални штетности и опасности на работните места.

Кампањата за одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје на работа оваа година има за цел да ги поттикне професионалците ангажирани во оваа област да ги идентификуваат сите ризици на кои се изложени младите работници и да поттикнат кон донесување на политики за заштита на нивното здравје и за целосна елиминација на сите форми на детски труд.

Кон одбележувањето на овој ден, Институтот за јавно здравје се вклучува преку објавување на две редовни публикации – Информацијата за повреди на работа во Република Македонија за 2017 година и Извештајот за извршена работа во овластените установи за медицина на труд во Република Mакедонија за 2017 година.

Дополнително, за прв пат оваа година, после многу во кои како мерка за заштита од неповолните влијанија на високите и ниски температури при работа на отворено се предлагаше ослободување од работа за вулнерабилните групи работници (возрасни, болни со хронични болести, бремени жени и сл.), Институтот за јавно здравје ги објавува критериумите за следење на ова штетно влијание и обврските на работодавачите за минимизирање на негативните ефекти врз здравјето на професионално експонираните работници. Критериумите во публикацијата „Работа на отворено во услови на високи и ниски температури“ се базирани на меѓународни стандарди и потврдени добри практики, што се применуваат во земјите кои по природата на нештата се упатени да се справуваат со овој проблем и да креираат здрави и безбедни работни места за сите работници.

Back To Top