Право на специјализација и супспецијализација

Печати

 

Правото како што гласи во националното законодавство

Со  Законот  за  здравствена  заштита,  „здравствените  работници  и  здравствените  соработници  со  високо  образование  можат  да  специјализираат  и  да супспецијализираат од определени гранки на медицината, стоматологијата, односно фармацијата“ (член 146, став 1).

Дополнителни прописи

Во дополнителните прописи се регулирани облиците, критериумите за распоредување на облиците и бодовите на стручното усовршување за стекнување со лиценца за работа и обновување на лиценцата за работа на здравствените работници, како и условите за стручниот испит на докторите на медицина и стоматологија и здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата  
(види Литература).

Дополнително, Законот за здравствена заштита го пропишува следново: „Специјализацијата, односно супспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници се врши според прописите со кои се уредуваат постдипломските студии ако со овој закон поинаку не е определено (член 146, став 2).

Гранките   на   специјализациите   и   супспецијализациите,   времето   на   нивното траење и деловите на стажот на специјализациите ги пропишува Министерството  за  здравство  по  претходно  мислење  на  соодветната  високообразовна организација“ (член 146, став 3).  

„Специјализацијата и супспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници се врши според плановите и програмите што ги донесуваат соодветните високообразовни организации“ (член 147).  

„Специјализацијата и супспецијализацијата во делот во кој се остварува теоретска и практична настава во одредено траење се спроведува на соодветната високообразовна организација, а во останатиот дел се остварува во здравствените организации кои имаат соодветен простор, кадар и опрема.  

Високообразовните  организации  од  ставот  1  на  овој  член  можат  да  определат  надоместок  за  спроведување  на  теоретската  настава  и  за  полагање  на специјалистичкиот, односно супспецијалистичкиот испит со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност.  

За спроведување на практичниот дел од специјализацијата, односно супспецијализацијата, високообразовните установи определуваат надоместок со општ акт, на  кој  министерот  за  здравство  дава  согласност,  на  товар  на  установата  што ги  упатува  на  специјализација,  во  согласност  со  програмата  за  потребите  од  специјалистички кадри.  

Поблиските услови од ставот 1 на овој член и траењето на деловите од специјализацијата  (турнусите)  ги  пропишува  министерот  за  здравство  по  претходно мислење на соодветната високообразовна институција.  

Министерот за здравство, врз основа на условите од ставот 4 на овој член, ги определува здравствените установи во кои се спроведува специјализацијата и супспецијализацијата на здравствените работници и на здравствените соработници“ (член 148).

„Здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата и здравствените соработници можат да специјализираат ако имаат завршен приправнички стаж, положен стручен испит и една година работно искуство во струката по положувањето на стручниот испит.

Здравствените работници со високо образование од областа на медицината и стоматологијата  можат  да  специјализираат  ако  имаат  завршен  приправнички стаж, положен стручен испит и основна лиценца“ (член 149).  
„Министерството за здравство утврдува критериуми и донесува програма за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри.

Врз основа на критериумите и програмата од ставот 1 на овој член здравствените  организации  и  другите  организации  што  спроведуваат  здравствена  заштита   донесуваат   програма   за   стручно   усовршување,   специјализацијата  и супспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници. Специјализацијата, односно супспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници може да се планира и да се одобри само од гранките на медицината, стоматологијата, фармацијата и други области кои ја сочинуваат дејноста на здравствената и друга организација“ (член 150).

„Упатувањето  на  здравствените  работници  и  здравствените  соработници  на специјализација го вршат здравствените организации и другите организации кои спроведуваат здравствена заштита, по постапка и на начин утврдени со нивните општи акти во согласност со програмите од членот 150 на овој закон.  

Здравствената и друга организација актот за упатување на здравствениот работник на специјализација, заедно со доказите за исполнување на условите и доказ дека специјализацијата е одобрена во согласност со програмите од ставот 1 на овој  член.  го  доставува  на  соодветната  високообразовна  организација  заради упис за специјализација.

Високообразовните  организации  водат  евиденција  за  здравствените  работници кои се наоѓаат на специјализација и за остварувањето на програмата за специјализација“ (член 151).  

„Здравствен работник кој самостојно врши здравствена дејност со личен труд, вработените  кај  него  и  невработените  здравствени  работници  можат  да  се пријават за запишување на специјализација ако ги исполнуваат условите од членот 149 на овој закон“ (член 152).  

„Министерството  за  здравство  може  да  одобри  специјализација  на  странски државјанин ­ здравствен работник со завршен медицински, стоматолошки и фармацевтски факултет“ (член 153).

Законот за здравствена заштита уредува и можност за реализација на право на стекнување посебно звање ­ примариус. Здравствените работници со високо образование, кои имаат најмалку 15 години успешна работа во унапредувањето, организирањето  и  спроведувањето  на  здравствената  заштита,  положен  специјалистички испит, стручни или научни трудови, позитивни резултати во стручното издигање на кадрите, може да добијат звање примариус. Звањето примариус може да го добијат и лекарите, стоматолозите и дипломираните фармацевти и ако немаат положен специјалистички испит, ако ги исполнуваат условите од ставот 1 на овој член и ако имаат најмалку 15 години успешна работа. Звањето примариус го доделува посебна комисија што ја формира министерот за здравство. Поблиските услови за доделување на звањето примариус ги утврдува Министерството за здравство (член 160).

Етички кодекси

Според  Кодексот  на  медицинската  деонтологија  на  Лекарската  комора  на Македонија,  „лекарот  е  должен  постојано  да  се  обврзува  и  да  го  продлабочува  своето  стручно  и  научно  знаење.  Тој  е  должен  да  се  грижи  и  да  се  залага за стручната оспособеност, моралот и етиката на соработниците; јавно и отворено да предупредува за причините на болестите и активно да соработува во спречувањето и отстранувањето на болеста. Лекарот се залага за здравствено  воспитување  и  за  растеж  на  здравствената  свест  и  здравствената  култура  на луѓето. Лекарот треба да се залага за спречување на сето она што го загрижува здравјето на човекот, да се бори против општата заостанатост и надрилекарство“ (член 4).

Според членот 31, „образованието на медицинскиот персонал и организацијата на здравствената дејност, на болните во болниците и во нивните домови треба да им обезбедат ефикасно олеснување на нивните болести, колку што тоа го дозволуваат современото медицинско знаење и можности“.  

Членот  59  од  Кодексот  на  медицинската  деонтологија  на  Лекарската  комора  на  Македонија  утврдува  „должност  на  секој  лекар  во  постојаното  следење на достигнувањата на медицината и стручното усовршување. Стекнатото стручно знаење лекарот треба да го пренесува на своите колеги и на другите здравствени работници. Постојаниот развој и напредок на медицинската струка и на науката бара од лекарот постојано усовршување и образование во областа на медицинската теорија и практика, преку работа во самостојните стручни друштва, во здруженија, во научни и професионални установи“.

Во  согласност  со  членот  60,  лекарот  е  должен  постојано  да  се  грижи  за  зголемувањето на личните сознанија. Затоа настојува да ги збогати своите знаења од областа на хуманистичките, природно­научните и општествените науки.

Закон за здравствена заштита

1

Закон за здравствена заштита, Службен весник бр. 43/2012 (во сила).pdf
2 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 145/2012 (во сила).pdf
3 Одлука на Уставен суд, У.бр. 59-2012.pdf
4 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 87-2013.pdf
5 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен Весник бр. 164-2013.pdf
6

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 39-2014.pdf

 7

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 43-2014.pdf

8

Одлука на Уставен суд, Службен весник бр. 101-2014.pdf

9

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 132/2014.pdf

10

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Службен весник бр. 188/2014.pdf

11

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 10/2015.pdf

12

Закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 61/2015.pdf

13 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 154/2015.pdf
14 Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Службен весник бр. 192/2015.pdf
15
16
17

 

Кодекс на медицинската деонтологија на Лекарската комора на Македонија.pdf

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE