Состојба со грип во Република Македонија, Сезона 2017/2018 (41 недела, до 15.10.2017)

Извор: Институт за јавно здравје на Република Македонија - 19.10.2017

Во текот на 41-ва недела од 2016 година (од 09.10.2017 – 15.10.2017), во Република Македонија пријавени се12 (I=0,6/100.000)нови случаи на групни пријави за заболени од грип. Во однос на регистрираните случаи во минатата недела (n=3) постои незначително зголемување.

Во споредба со бројот на регистрирани случаи во 41-ва недела од минатата сезона (23), се бележи намалување од 47,8%.

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број на заболени од грип изнесува 15 (I=0,7/100.000), што е помалку за 67,4% во споредба со истиот период минатата година биле регистрирани 46 заболени лица (I=2,2/100.000).

Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 6 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во ЦЈЗ Куманово и ЦЈЗ Охрид-ПЕ Дебар – по 3 заболени лица. Во ЦЈЗ Струмица и ЦЈЗ Тетово регистрирани се по 2 заболени лица, во ЦЈЗ Штип и ЦЈЗ Битола-ПЕ Кичево – по едно заболено лице.

Највисока инциденца се бележи во ПЕ Дебар од 10,8/100.000 жители, а најниска во ЦЈЗ Тетово (10,0/100.000).

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) -8 случаи (66,7%), а највисока инциденца (1,8/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-14години,кадевкупнопријавенисе3 лица.

Во текот на 41-ва недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ пристигнати се 5 материјали за тестирање на грип. Сите тестирани материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во оваа лабораторија пристигнати се вкупно 16 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, сите тестирани негативни за присуство на вирусот на грип.

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачувавакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):

  • бремени жени, во било кој стадиум од бременоста

  • деца на возраст од 6 месеци до 5 години

  • постари лица на возраст од 65 години и повеќе,

  • лицата со хронични медицински состојби – хронични заболувања и состојби на намален имунитет

  • здравствени работници.

Сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ вакцинацијата започна на 17 октомври, на располагање за вакцинација за оваа сезона се 28.000 дози на тритипнаInfluvacвакцина.

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно презентираните информации на Flu News Europe за 40 недела од 2017 година (2-9 Октомври 2017), активноста на вирусот на инфлуенца во 36 земји во Европа е со низок интензитет, што е вообичаено за ова време од годината.

Само неколку земји пријавиле детекција на спорадични инфлуенца вирусни инфекции, преку редовниот и сентинел системот за надзор, вклучувајќи и хоспитализирани пациенти кај кои се докажани и инфлуенца А и инфлуенца Б вирусот.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје

 

© 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE
Copyright 2011. Joomla 1.7 templates. © 2011 healthrights.mk. All Rights Reserved. ESE